Дезинфекција на Клиничкиот центар во Скопје

Од:

Eкипите на ЈП „Комунална хигиена“ започнаа голема акција за миење и дезинфекција на улиците во внатрешноста на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, информираат од Град Скопје.

Во спроведувањето на акцијата ангажирани се триесет работници кои со помош на две автоцистерни и едно специјално комунално возило надградено со резервоар во којшто се наоѓа посебно средство за дезинфекција, вршат рачно миење и дезинфекција на целокупниот простор. Воедно, во рамките на акцијата се спроведува миење и дезинфекција на сите садови за одлагање комунален отпад што се поставени во Клиничкиот комплекс.

„Денешната акција ја спроведуваме во пресрет на последните случувања поврзани со ширењето на вирусот ковид-19, со цел  хигиената и чистотата на просторот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ да се подигне на највисокото можно ниво, со што значително ќе се придонесе за превенција од ширење заразни заболувања“, изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани.

Би можело да ве интересира

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Рането момче е пренесено во Клиничкиот центар во Скопје

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

Реконструирани шест операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“

Алиу: Нови опции за паркинг на Клинички, бесплатно за онколошки пациенти