На веб-страницата на Министерство за здравство поставена е најновата листа на земји со среден и висок ризик од КОВИД-19.
Во делот „Корона вирус“ исто така може да се најдат и сите информации, мерки, препораки, прес-конференции, прашања и одговори поврзани со овој вирус.
Поради состојбата со коронавирусот во земјава, согласно заклучоците на Владата од последната седница, се воведува забрана за влез на странски државјани од земјите со висок ризик. Забраната, како што стои во заклучоците не важи само доколку достават потврда издадена од надлежен орган за спроведен карантин.
Исто така, се апелира до државјаните на Република Северна Македонија, кои живеат во држави со висок и среден ризик да го одложат доаѓањето во земјата во овој период.