ВИДЕО: Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ поднесе листи со кандидати до ДИК

Од:

Претставници на Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ синоќа во 23:55 часот ги поднесоа листите на кандидати за пратеници во Државната изборна комисија.

„Коалицијата Никогаш северна – само Македонија ќе има листи за пратеници во сите седум изборни единици, а носители ќе бидат: Во правата изборна единица носител ќе биде Билјана Џинго од Извршниот комитет на Единствена Македонија, во втората претседателот на ФРОДЕМ, универзитетскиот професор Јове Кекеновски, во третата членот на Извршниот комитет на Единствена Македонија, универзитетскиот професор Вангел Симев, во четворката листата ја предводи претседателот на Единствена Македонија, универзитетскиот професор Јанко Бачев, во петата генералниот секретар на Единствена Македонија Ацо Николовски доипломиран машински инженер, во шестата носител ќе биде Љупчо Столевски претседател на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Тетово и во седмата изборна единица каде гласаат нашинците во странство носител ќе биде Живко Атанасов, координатор на Задграничните комитети на Единствена Македонија за Европа и претседател на Здруженијата на македонските друштва во Швајцарија.

Ние сме силно уверени дека Коалициија „Никогаш северна – само Македонија„ на 12 април ќе постигне голем успек од кој силно ќе бидат изненадени нашите противници. Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија„ е последната надеж за македонскиот народ и македонската држава. Прва задача на пратенците од Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија ќе биде поништување на антимакедонските договори во Собранието со кои се бришат името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ“ – потенцираше Билјана Џинго.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он