– Во Кривичниот суд се одржуваат сите судења за кои постојат законски услови истите да се одржат, а судот доследно ги почитува препораките на Владата за превенција од ширење на коронавирусот, информираат од Основен кривичен суд Скопје.
Во однос на повеќе новинарски прашања за одложувањето на денешната главна расправа за предметот „Т.Н.Т.“, од Судот информираар дека расправата е одложена за следниот закажан термин на 19 март поради немање законски претпоставки за одржување на расправата, односно отсуство на еден од обвинетите, а не по одлука на судот.
– Појаснуваме дека една од обвинетите денеска не беше присутна на судењето, а нејзиниот адвокат – Мерџан Даути, посочи дека обвинетата останала во нејзиниот дом бидејќи нејзиниот сопруг бил во контакт со лица кои сега се во изолација заради коронавирусот. Со оглед да не се исполнети условите да се одржи главната расправа, заради отсуство на една од странките, судот ја одложи расправата, а во меѓувреме ќе ги спроведе сите неопходни проверки согласно наводите на адвокатот и доколку се утврди дека се работи за неосновано одолговлекување на постапката ќе бидат презмени соодветни мерки, се вели во соопштението од Судот.