Властите во Сеул ги демантираа тврдењата дека Северна Кореја им наредила на сите јужнокорејски компании до 10 април да ја напуштат индустриската зона во Кесон.
Јужнокорејското Министерство за национално обединување соопшти дека ваквите информации ја искривуваат вистината. Според министерството, Северна Кореја подготвила план за заминување во Јужна Кореја на персоналот на неколку фирми, а нема соопштено дека ги протерува сите јужнокорејски компании од зоната.
Претходно, потпретседателот на здружението на 123-те јужнокорејски компании во Кесон изјавил дека режимот во Пјонгјанг им дал рок на Јужнокорејците да ја напуштат зоната и земјата до 10 април.