Северна Кореја постави ракетен систем со среден дострел на своето источно крајбрежје, соопштија јужнокорејските медиуми.
– Разузнавачките служби на САД и Јужна Кореја имаат информации за предислоцирање на ракета со среден дострел на брегот на Јапонско Море, изјавија владини извори во Сеул.
Засега не е познато дали балистичката ракета е поставена од безбедносни причини и дали Пјонгјанг планира да ја истрела, или тоа е едноставно демонстрација на сила од страна на оваа земја.
Севернокорејските ракети од типот „Мусудан“ имаат достреел од над 3.000 километри, што и овозможува на Северна Кореја да достигне цели на територијата на Јужна Кореја и на Јапонија. Не е исклучено тие да можат да достигнат и до тихоокеанскиот остров Гуам, кој е под контрола на САД.
Според јужнокорејски воени експерти, Пјонгјанг се уште не извршил проба на вакви ракети.