Актерот Том Хенкс соопшти дека тој и неговата сопруга, актерката Рита Вилсон, биле дијагностицирани со коронавирус, пренесува Си-ен-ен.
Во изјавата објавена на Инстаграм, Хенкс вели дека тој и неговата сопруга патувале во Австралија кога биле тестирани откако покажале симптоми како што се замор, болки во телото, треска и „блага грозница“.
„И сега, што понатаму? Здравствените власти имаат протоколи што мора да се што мора да се следат. Ние Хенксови ќе бидеме тестирани, набљудувани и изолирани онолку долго колку што бара јавното здравје и безбедност“, напиша тој.
Претставник на Хенкс ја потврди веста за Си-Ен-Ен и немаше дополнителен коментар.
„Ворнер Брос“ потврдија дека актерот бил во Австралија за да работи на пред-продукција на филм за пејачот Елвис Присли.