Светската здравствена организација прогласи пандемија на коронавирусот, откако шефот на СЗО, д-р Тедрос Гебрејсус изјави дека бројот на случаи надвор од Кина се зголемил за 13 пати во текот на изминатите две недели.
Тој рече дека е „длабоко загрижен“ од „алармантните нивоа на неактивност“ околу вирусот.
Инаку, пандемијата е болест која се шири во повеќе земји низ целиот свет во исто време.
Сепак, д-р Тедрос рече дека прогласувањето на појава на пандемија не значи дека СЗО ги менува своите совети за тоа што треба да прават државите.
Тој ги повика владите да го променат текот на појавата со преземање „итна и агресивна акција“.
„Неколку земји покажаа дека овој вирус може да биде потиснат и контролиран“, рече тој.