Адеми: Училишната година не мора да заврши на 10 јуни

Од:

Училишната година не мора да заврши на 10 јуни, рече Арбер Адеми, министер за образование и наука, во врска со владините мерки да се прекине наставата на 14 дена заради коронавирусот.

– Во основното образование имаме нов Закон за основно образование каде што е предвидено колку наставни денови треба да има училишната година. Исто така е предвидено јасно, кристално, чисто и концизно што треба да направат надлежните институции кога имаме прекин на наставата поради епидемија и вонредни состојби. Имаме две опции. Училишната година не мора да заврши на 10 јуни. Втората опција е подготвување на скратени наставни програми. Пред да се определиме за која било опција треба да се измени и дополни годишниот календар за организирање на настава. Така што образовните институции ќе бидат благовремени известени од нашата страна. Ова изменување и дополнување на календарот може да се направи и сега и по 14 дена, зависно со какви ситуации и состојби ќе се соочиме, рече Адеми.

Тој вели дека за средните училишта наставата може да се организира за време на викенди или со скратени програми.

Адеми апелира до општините и до самите раководства на училиштата да организираат дезинфекција на образовните институции, конкретно на основните и средните училишта.

Заменик министерот за здравство Арменд Аслани упати апел до сите граѓани кои доаѓаат од ризичните реони при премин на граничните премини да даваат точни информации за да се избегни ширење на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

МОН објави резултати од конкурсот за доделување ученички стипендии за учебната 2025-2026 година

Акција на Агенцијата за храна: Поделени казни и забрани, а уништена е и храна во угостителски објекти покрај училишта

Адеми: Европската Комисија ни даде најслаби оценки, такви не сме добиле во последните десет години

Децата Роми најчести жртви на онлајн булинг, алармантни случаи на насилство и оружје во училишните ранци

Предложен нов список на лектири во основното образование, МОН повикува на јавна дискусија за негово дефинирање

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата