Словенечките здравствени власти потврдија дека се потврдени уште четири нови случаеви на лица заразени со новиот коронавирус.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, со овие нови вкупниот број на заразени лица сега изнесува 34. Последните два случаи се потврдени во Марибор, соопштија здравствените власти.
По синоќешната одлука на Владата за затворање на границата, денеска од Италија во Словенија можат да влезат само оние кои имаат лекарската потврда дека не се заразени со новиот коронавирус.
Инаку, првиот случај на коронавирус во Словенија беше потврден на 4 март, а за помалку од една недела бројот стигна до 34 заразени лица.