Продолжуваат преговорите за изедначување на роаминг цените

Од:

Правните инструменти и решенија со кои треба да се овозможи имплементација на иницијативата за намалување на цените за роаминг услугите со земјите од Европска унија, ќе бидат тема на состанокот на претставници на македонските надлежни институции и на Директоратот на ЕУ за комуникациски мрежи, закажан за 12 овој месец во Брисел.

На состанокот, соопшти денеска Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), ќе учествуваат министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, директорот на АЕК Роберт Орданоски и генералниот директор на Директоратот за комуникациски мрежи, содржини и технологии Роберт Медлин.

– Верувам дека во соработка со Владата на Република Македонија во координиран настап со Република Србија и Република Црна Гора, ќе успееме да постигнеме договор со Европската Комисија, а со тоа и прифаќање на оваа иницијатива која ќе овозможи пониски цени за услугите кои се нудат во роаминг со државите членки на Европска унија, со што ќе имаат придобивка граѓаните на Македонија како крајни корисници на електронските комуникациски услуги, изјави Орданоски.

АЕК во септември лани доби позитивно мислење за иницијативата што ја покрена за изедначување на роаминг цените за граѓаните на Македонија. Нивен стручен тим продолжи да работи на унапредување на препораките и на соработка со државните и меѓународни институции, со цел финално прифаќање на иницијативата и конечно намалување на роаминг цените. На тој начин, укажува АЕК, македонските граѓани ќе имаат можност да ги користат придобивките на единствениот европски пазар, иако се уште Македонија не е членка на Европска унија.

Македонската Влада ги задолжи министерствата за надворешни работи и за информатичко општество и администрација, да се вклучат во преговорите заедно со АЕК и да создадат правна рамка за реализација на иницијативата. Во меѓувреме владите на Србија и на Црна Гора ја прифатија иницијативата со што се договара заеднички став во текот на преговорите со Европска комисија за таа активност. Агенцијата за електронски комуникации и Министерството за надворешни работи веќе работат на текстот на предлогот за заеднички настап на трите држави.

Би можело да ве интересира

Армијата ќе набави фиксни телефони од американска компанија за 1,5 милиони евра

A1on

Паметните телефони ќе дијагностицираат коронавирус

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Страница на која може да проверите дали Вашиот мобилен е украден

Наум Локоски

„Онор 6 Икс“ – смартфон од 240 евра што го нуди искуството на „Ајфон 7“

Емир Латифовиќ

„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси“ A3, A5 и А7

Емир Латифовиќ