ОПЕК не успева да постигне договор поради негативните ефекти што индиректно ги предизвика смртоносниот коронавирус.
Цените на нафтата се намалија за повеќе од 25 отсто.
Според економистите, ова е најголемиот пад од 1991 година за време на „Gulf War“.
Токио затвори со 5,4 отсто, Лондон се намали за 8,5 отсто, додека Германија падна за 7,4 отсто.
Фјучерсите на Дау се намалија за 4,8 отсто.