Табели кои покажуваат кој е најподложен на коронавирусот

Од:

Потребни беа само 30 дена за Ковид-19 да се рашири од една провинција во Кина, низ целата држава. Вирусот сега се шири и во десетици други држави низ целиот свет, а паниката дополнително се зголемува бидејќи не постојат доволно информации – луѓето имаат прашања на кои често здравствените работници се уште ги немаат одговорите.

Кинескиот центар за контрола на болести објави анализа на 72.314 случаи од февруари годинава, вклучително и 44.672 случаи кои се веќе потврдени. Оваа анализа се смета за најдеталната досега, за да се согледаат одредени податоци за новиот коронавирус.

Она што првично може да се согледа е дека Ковид-19 не е болест на младата популација.

Само кај 10 проценти од случаите, вирусот се појавил кај лица под 30, а кај 2 проценти, кај лица под 20 години. Возрасните меѓу 30 – 69 години прават три четвртини од случаите. Дел од ова е можеби и поради кинеската демографија – околу 60 проценти од државата се лица меѓу 25 и 64 години, но сепак, надлежните се согласни дека возрасните и старите лица се поподложни на болеста отколку младите и децата.

Иако луѓето над 70 години претставуваат само 12 проценти од случаите, кај нив смртноста е околу 50 отсто. Други 30 проценти од фаталните случаи е групата на луѓе од 60 до 69 години.

Фаталноста на оваа болест има прилично јасен тренд: кај лицата над 80 години заразени од Ковид-19, смртноста изнесува 14,8 проценти. Кај оние под 50 години, смртноста е помала од еден процент. Досега имало само 8 смртни случаи кај луѓе под 30 години, наспроти останатите 4.500 случаи.

Коронавирусот, исто така, очигледно не ги напаѓа исто мажите и жените. Иако отприлика бројката на заразени мажи и жени е иста, смртност во две третини од случаите се забележува кај машката популација.

Ова е можеби повторно поради самата држава – повеќето пушачи во Кина се мажи, па оттаму се поподложни на кардиоваскуларни заболувања и болести на белите дробови кои можат да ги зајакнат симптомите на коронавирусот, но за ова се уште нема потврдени податоци.

Она што е јасно е дека поголем број од случаите биле со лесно изразени симптоми – впрочем, такви се 80 отсто од случаите.

Останува отворено прашањето колку овие резултати се валидни и за остатокот од светот каде што коронавирусот зема замав. Кина во моментов нуди најмногу одговори, но тоа не значи дека државата е репрезентитавен примерок и за останатите.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Србија и Кина напорно работеa за да ги развијат односите

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина