Трамп упати „поздрав“ до Кина: Бевме глупава и беспомошна „боксерска вреќа“, но повеќе не

Од:

Доналд Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“ напиша дека Кина е погодена многу потешко од САД во однос на царините и дека Америка повеќе не е „вреќа за удирање“.

„Кина е погодена многу посилно од САД, дури ни блиску. Тие и многу други нации се однесуваа неодржливо лошо со нас. Бевме глупава и беспомошна „боксерска вреќа“, но повеќе не. Ги враќаме работните места како никогаш досега. Нема да биде лесно, но крајниот резултат ќе биде историски“ напиша Трамп.

Додека американскиот претседател изговара остри зборови, Кинезите се потсмеваат.

Кинеските државни медиуми масовно објавуваат видеа создадени од вештачка интелигенција на интернет, на кои се прикажани роботи кои танцуваат и исплашени потрошувачи. На овој начин го исмеваат Трамп за воведувањето царини, поради што инфлацијата би можела уште повеќе да порасне за Американците.

Кинеското Министерство за финансии вчера објави дека од 10 април ќе воведе дополнителни царини од 34 отсто за американските стоки.

Оваа одлука дојде како директна реакција на најавата на актуелниот американски претседател Доналд Трамп за воведување вкупни царини од 54 отсто за кинескиот извоз, вклучително и мерките кои се веќе воведени претходно.

Би можело да ве интересира

Трамп предупредува: „Демократите ќе уништат сè што изградивме“

(ВИДЕО) Трамп нуди „дивиденда“ од 5.000 долари ако републиканците го задржат Конгресот

Лондон подготвува санкции за израелските населби, Трамп не се спротивстави

Вајдел по разговорот Путин – Трамп: „Со нас сè ќе се промени“

Горан Наумовски

Путин, Трамп и Си на иста маса – Москва не ја исклучува можноста

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“