Кризата со Северна Кореја стигна многу далеку, изјави генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун, повикувајќи на дијалог и преговори за решавање на проблемот.
– Нуклеарните закани не се игра. Агресивната реторика и демонстрирањето воена сила доведуваат до страв и нестабилност, истакна Бан на прес-конференција во Андора, каде се наоѓа во официјална посета.
Претходно денеска севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се обиде да ја ублажи непријателската реторика, со која претходните демови упати закани за војна со САД и Јужна Кореја.
– Работите треба да се смират, бидејќи оваа ситуација, која се влоши поради недостиг на комуникација, може да отвори пат по кој никој не сака да се движи, нагласи Бан Ки-мун, предлагајќи им помош на земјите да започнат разговори.
Генералниот секретар на ОН истакна дека е убеден дека никој не сака да ја напаѓа Северна Кореја поради несогласувањето со нејзиниот политички систем или надворешна политика.
– Се плашам дека други ќе реагираат решително на директна воена провокација од страна на Пјонгјанг, додаде Бан Ки-мун.