Застрашувачка снимка на која се гледа моментот кога полицијата ја убива актерката Ванеса Маркез во август 2018-та година се појави во медиумите и предизвика бурни реакции од јавноста.
Трагичниот настан се случи во август 2018 година, а убиената Ванеса е позната по улогата во серијалот „ER“ (Ургентна соба) во која глуми со Џорџ Клуни. Таа беше присутна во првите три сезони во улогата на медицинската сестра Венди Голдман.
Снимката на која полицијата случајно ја убива актерката, предизвика бурни реакции ширум светот, а ја објави полицијата на Северна Каролина.
Полицијата одговорила на повик од сопственик на домот, каде актерката живеела да ја провери нејзината ментална состојба, а на видеото се гледа како униформирани полицајци доаѓаат во нејзиниот дом во Лос Анџелес, додека таа вади пиштол и вика: „Убиј ме, убиј ме!“.
Подоцна се покажало дека пиштолот е реплика, но веќе било предоцна.
На снимката од камерата, која ја носел еден од полицајците, се гледа како влегуваат во нејзината спална соба и ја пронаоѓаат претрупана со работи на креветот.
„Ванеса, сите се загрижени за вас, нè повикаа да провериме како си“, рече полицаецот.
Актерката одговорила дека имала напади, но одбила да оди во болница со нив, ги зграпчила ножиците и потоа извадила пиштол, пренесува The Sun.
На снимката се слуша како таа ги моли полицајците да ја убијат, а тие и велат да го спушти пиштолот. Таа не прави како што е побарано, па наводно пука кон нив. Полицајците наводно испукале осум куршуми, од кои две удриле во неа и таа починала во болницата.
Подоцна се испостави дека пиштолот што го држела Ванеса е реплика.
Нејзиното семејство го тужи градот Јужна Пасадена за нејзината смрт, пренесува АБЦ.
Актерката имаше 49 години кога беше убиена.