Албанската полиција откри 26 мигранти и уапси шест лица

Од:

Албанската полиција, кај местото Малиќ уапсила шест лица, кои превезувале група од 26 мигранти.

„Во рамки на акцијата „Ќафа е Плоча“ четворица од уапсените одбиваа да застанат на знакот на полицијата, правејќи опасни маневри на патот. Како резултат на ова акција уапсени две лица од Тирана, кои во возила марка „Фолксфаген“ и „Голф“ превезуваа 18 странски државјани, мигранти, соопшти полицијата.

Исто така се наведува дека се уапсени и двајца жители од Драч, еден од Тирана и еден од Пук, кои со други три возила превезувале осум мигранти.

„Истрагата покажува дека уапсените, во соработка, вршеле криминална активност со помагање на странски државјани нелегално да бидат пренесени преку албанска терторија до северната граница, за 300-350 евра по мигрант, стои во полициското соопштение.

Како доказен материјал запленети се пет автомобли и шест мобилни телефони.

Деневиве полицијата, кај селото Чифлиг,кај Корча, Малиќ и Подградец, отри 27 мигранти и уапси девет лица,од нив шест албански државјани и тројца Косовци,кои мигрантите требало да ги пренесат до северната граница.

Според полицијата дневно во просек се откриваат од 30 до 40 мигранти,кои на албанска терторија влегуваат од Грција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Уапсен полицаец од Албанија осомничен за низа кривични дела

Горан Наумовски

Мигрантите исчезнаа од јужната граница

Северна Македонија ѝ го предаде на Албанија претседавањето со ПСЈИЕ

A1on

Европскиот суд на правдата ја казни Унгарија, Орбан ја нарече пресудата срамна

A1on

Речиси 5.000 мигранти загинаа на пат кон Канарските острови за пет месеци

Албанското обвинителство бара 93 години затвор за шверцери на кокаин