Претставникот на Обединетите нации за Либија, Гасан Саламе, на својот личен профил на Твитер објави дека поднесува оставка поради „здравствени причини“, по речиси три години на функцијата.
– Морам да признам дека моето здравје повеќе не ми дозволува да трпам толку стрес и побарав од генералниот секретар да ме разреши од моите должности, напиша тој.
Либанскиот дипломат рече дека се обидел да ги обедини Либијците и да спречи меѓународно мешање, посакувајќи и „мир и стабилност на Либија“.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на 22 јуни 2017 година го назначи Саламе за нов специјален претставник и шеф на мисијата на ОН за поддршка во Либија.