Во Саудиска Арабија е регистриран првиот случај на пациент заразен со новиот коронавирус, соопшти саудиското Министерство за здравство.
Лицето заразено со вирусот дошло од Иран преку Бахреин.
Портпаролот на саудиското Министерство за здравство вчера соопшти дека земјата подготвила 25 болници во случај да се потврди случај на Ковид-19.