Северна Кореја планира да продолжи со експлоатација на нуклеарниот реактор во Јонгбјон, исклучен во 2007 година, соопшти државната севернокорејска агенција.
Северна Кореја се прогласи за нуклеарна држава во 2005 година, а во 2006, 2009 и 2012 година изврши подземни нуклеарни проби што предизвикаа остри реакции на меѓународната заедница.
Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуции кои бараат од Пјонгјанг да ги прекине своите нуклеарни активности.
Во 2010 година Северна Кореја официјално потврди дека ја проширува својата нуклеарна програма, објавувајќи информации за неколку илјади активни центрифуги во институтот за збогатување ураниум во Јонгбјон. Инспекторите од МААЕ ги набљудуваа активностите во Јонгбјон до април 2009 година кога Северна Кореја ја прекина соработката со агенцијата и ги протера нејзините експерти.