Северна Кореја го зголемува нуклеарниот арсенал

Од:

Севернокорејскиот парламент вчера ги усвои плановите за зголемување на нуклеарниот арсенал за одбрана на државата.

Како што пренесува „Би би си“, парламентот на Северна Кореја реши на нуклеарното оружје да му даде што поголема улога.

Тензиите на полуостровот пораснаа откако ОН воведе построги санкции за Пјонгјанг, поради нуклеарните и ракетните проби, а Вашингтон и Сеул започнаа заеднички воени вежби во таа област.

Пјонгјанг вчера изјави дека веќе е во состојба на војна со Јужна Кореја и предупреди дека секоја провокација од Вашингтон и Сеул може да предизвика нуклеарен судир.

Двете држави се 1953 година договорија да ја прекинат тригодишната војна, но никогаш не потпишаа договор за мир.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња