Нуклеарните оружја на Северна Кореја дејствуваат како одбранбена сила за потенцијалните агресори и се основа за севернокоресјскиот просперитет, изјави севернокорејскот лидер Ким Џонг-ун во обраќање изнесено во неделата и објавено целосно од севернокорејската агенција КЦТА, јави БТА.
– Нашата нуклеарна сила е надежна сопирачка против војната и гаранција за заштита на нашиот суверенитет, истакна Ким Џонг-ун во обраќањето пред Централниот комитет на Корејската работничка партија.
Тој ги обвини САД дека се обидуваат да ја вовлечат Северна Кореја во натпревар за воружување во обид да си го обебзедат подобрувањето на својата економија.