Откако силниот ветар откорна големи парчиња од фасадата на АД МЕПСО која чинеше 11 милиони евра, а чиј изведувач беше компанијата „Бетон Штип“, владината фасада е следна на мета која чинеше 9,299 милиони евра.
Забележливи се оштетувања во внатрешниот како и надворешниот дел од владината зграда.
Столбовите, ѕидовите како и подот од зградата на Владата се целосно распукани и може да се забележи стиропорот кој се користеше како изолација на објектот и негова заштита од надворешни влијанија.
Барокната фасада е направена во склоп на „Скопје 2014“ и налетот на лажниот и екстремно скапиот стил според проектот на авторите Жарко Чаушевски и Филип Богатинов.
Градежните работи ги изведуваше фирмата Бауер.