Сериозни инциденти на Лезбос и Хиос – над 60 повредени

Од:

На грчките острови Лезбос и Хиос и денеска продолжија протестите на локалното население против изградбата на затворените центри и повторно кулминираа со судири меѓу граѓаните и полицијата, во кои, според локалните медиуми, повредено е вкупно 61 лице, од кои 51 полицаец, јави дописничката на МИА од Атина.

На островот Лезбос, во инцидентите повредени се 43 полицајци и десет граѓани, додека пак на Хиос, со повреди се здобиле осум полицајци кога гневни граѓани влетале во хотелот и во собите во кој што биле сместени и физички ги нападнале.

Според видеото и фотографиите објавени од локалниот информативен портал од Хиос „Алитиа“, граѓаните насилно влегуваат во хотелот и собите, физички ги напаѓаат полицајците кои во тој момент не се на служба, а паралелно ги фрлаат од прозорците нивните лични работи.

На Лезбос, инцидентите се случија во делот каде планиран за изградба на затворениот центар и каде што веќе започнаа градежните работи.

Полицијата го блокираше пристапот до конкретната локација, по што следеа инцидентите со насобраното локално население.

-Од синоќа ја повикавме владата да ги повлече специјалците, да го одложи напредокот со градежните работи за новиот центар и потоа да разговараме од нула за целиот проблем со мигрантите на трите наши острови за да дојдеме до помирување и жителите да си се вратат на нивните работни места по насилството што го претрпеа, вели Костас Муѕурис, префектот на островите од северниот дел од Егејското Море и изрази надеж дека нивниот предлог ќе биде прифатен.

Би можело да ве интересира

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе