Азискиот медиум „Channel News Asia“ изработи прецизна интерактивна мапа на светот, каде што може да се следи како се развива коронавирусот во светот. Податоците постојано се ажурираат, на неколку часа, а за секоја држава одделно може да се види дали и колку лица се заразени од вирусот и колку смртни случаи имало.
Според податоците до 11 часот утринава, најмногу заболени има во Кина (78.497), Јужна Кореја (1.766) и Италија (453).
Во светот, заразени од коронавирусот има над 82 илјади лица, од кои 2.805 починале.
Мапата може да се гледа на следниов линк.