Градинките да прават дезинфекција на обувките при влез, основните училишта, средниште училишта и универзитетите да ги откажат планираните патувања во Италија, а Министерството за здравство да набави нови количини маски, ракавици, дезинфекциски средтва и заштитана облека за заштита на персоналот на граничните премини и во сите останатиинституции, се заклучоците од денешната владина седница за мерките за заштита од коронавирусот.
Владата ги задолжи училиштата и универзитетите да организираат едукативни часови за превенција од корона вирусот, во соработка со локалната самоуправа и центрите за јавно здравје.
Министерството за здравство доби обврска итно да набави соодветна количина сапун и дезинфекциски средства за училиштата, детските градинки и јавните тоалети.
На сите граѓани Владата им препорачува да не патуваат во Италија и во
другите земји каде што е регистрирано поголемо присуство на корона вирусот.
Владата донесе заклучок да го ограничи влегувањето во земјата од кризните подрачја од северна Италија само преку аеродромите во Скопје и Охрид и граничните премини Ќафасан, Табановце, Блаце, Богородица и Деве Баир.
На седницата е утврден и заклучок Министерството за здравство, да формира постојан центар за информирање на јавноста во кој ќе бидат вклучени и Граничната полиција, Центарот за управување со кризи и Секторот за односи со јавноста во Владата. Ценатрот ќе има обврска да ги прибира сите релевантни информации и навремено и точно да ја информира јавноста за превенција и заштита на населението од ширење на корона вирусот, како и за постапките и институционалната рамка во делот на лекувањето на последиците од вирусот.