Под влијание на нов влажен бран, утре времето во Македонија ќе биде претежно облачно и нестабилно со пообилни врнежи од дожд. Во западните делови на земјата се очекува наместа да наврнат до 30 литри на метар квадратен.
Претежно облачно, но со сончеви периоди ќе биде и во среда, за кога од Управата за хидрометеролошки работи најавуваат можност од пороен дожд, грмежи и засилен ветер, како и услови за појава на град.
Утре, температурата ќе се движи од 3 до 17, а задутре од 6 до 18 степени.