Италијанскиот премиер го обвини раководството на болница кај Милано за ширење на коронавирусот

Од:

За едно од жариштата на коронавирусот, Италијанскиот премиер Џузепе Конте го обвини раководството на една болница во северна Италија, пренесоа агенциите.

„Во овој момент знаеме дека начинот на кој се управува една болница не е целосно соодветен“, изјави Конте за италијанската телевизија.

Главниот центар на инфекцијата е градот Кодоњо, на околу 60 километри јужно од Милано.

Кодоњо и уште неколку градови од северна Италија се ставени под карантин во обидот да се запре ширењето на вирусот.

Во Италија од петокот наваму има огромен скок на случаите на заразени, од шест на 229, што значи дека во земјата има најголем број на потврдени инфекции во Европа.

И покрај тоа, зголемувањето со нови случаи вчера се стабилизира, откако беа регистрирани само 10 други инфекции.

Досега во Италија од коронавирус починаа седум лица откако  го фатиле вирусот, а сите биле или во напредната возраст или имале претходни хронични болести.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски