Судската полиција носи униформи стари 12 години

Од:

Независниот синдикат на судската полиција го поздравува Планот за едукација и тренинг на вработените, кој го донесе Министерството за правда, но сепак посочува дека секоја година се носи ваков план, но тој не се спроведува бидејќи претходно мора да се обезбедат соодветни услови, изјави претседателот на Независниот синдикат на судската полиција, Владимир Литовски на денешната прес-конференција пред штипскиот Основен и Апелациски суд.

„Во планот е наведено дека треба да имаме обука и со оружје, автоматско, друго оружје, скенери, магнетни врати, а ние во судовите имаме проблеми. Има и судови каде што судските полицајци немаат ниту униформи, а да не зборуваме за оружје или за скенери за магнетни врати. Таму, пак, каде што постојат поголем дел се нефункционални и не може да се изведува таквата обука. Сметаме дека е неразбирливо да се обучуваат судските полицајци за претрес или заштита на вработените во судовите или за безбедноста на судовите, а да нема средства за работа“, вели Литовски.

Тој истакна дека во текот на минатата година разговарале и со министерката за правда за зголемување на платите на судските полицајци за 20%, а исто така и за бенефициран стаж на вработените во судската полиција.

„Бевме дојдени до степен дека ќе се донеси тој правилник, но како што гледаме нема ништо. На истите преговори се разговараше и за измените да се добие бенефициран стаж, затоа што не личи во униформа на 64 години, човек да може да се справува со криминалците и со странките кои влегуваат во судот“, вели тој.

Литовски смета дека безбедноста на судовите е на катастрофално ниво и порача да не се чека со исполнување на барањата. Тој рече дека судската полиција во земјава има добиено униформа пред повеќе од 12 години од Министерството за правда.

„Секоја година се префрла како обврска на секој претседател на суд да набави униформа и оставени сме на добрата воља на претседателите на судовите. Кај се набавило по нешто, кај ништо и изгледаме како „паравојска“, бидејќи сегде се различни униформите, оти секој претседател од различно место ги набавува и немаме унифицирана униформа“, рече Литовски.

Судските полицајци ќе чекаат по спроведувањето на изборите и формирањето на новата влада  да преземат нови чекори за решавање на нивните проблеми.

„За да не испадне дека се мешаме, а најмалку сакаме со политика да се расправаме и после тоа ќе бидат преземени порадикални чекори, ако нема слух и од новата Владата“, рече Литовски.

Во земјава низ судовите се вработени 183 судски полицајци, а како што рече Литовски во независниот синдикат членуваат околу 60 проценти од вработените и се сметаат за репрезентативен да ги застапуваат интересите и барањата на судските полицајци.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ

Дурмиши: Ќе започнеме дијалог за сите отворени прашања и од страна на синдикатите и од страна на работодавачите

Игор Филков ја презеде функцијата- министер за правда

Дали Муареми бил уапсен во Дубаи, па пуштен на слобода – Официјални информации се уште нема

Александар Тодески

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

A1on

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

A1on