Кевин де Бруин: Ако Сити не ја освои ЛШ, сите ќе речат дека сме губитници, како во последните пет години

Од:

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Бруин, ги сподели своите размислувања пред одигрувањето на првиот меч од осминафиналната пресметка од Лигата на шампионите со Реал Мадрид.

– Секако, Реал Мадрид е фаворит. Тие имаат освоено најмногу трофеи во ЛШ. Но, мислам дека ние, како и секогаш, ќе се обидеме да го играме нашиот фудбал и да дејствуваме во напаѓачки стил. Ќе се обидеме да ги ставиме под притисок, да имаме добар натпревар и, ако е можно, да победиме. Ако не ја освоиме Лигата на шампионите, тогаш сите, како и во последните 5 години, ќе речат дека сме губитници. Ова е натпреварување на кое сè уште не сме победиле. Секогаш сакаме да ги земеме сите трофеи, изјави Де Бруин.

Натпреварот Реал – Манчестер сити е закажан за в среда во Мадрид со почеток во 21 часот.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска