Северна Кореја порача денеска дека ќе го зајакне својот нуклеарен арсенал, истакнувајќи дека адутот што го има во атомското оружје, никогаш нема да ја замени меѓународната помош.
Официјалната севернокорејска агенција КЦНА извести дека на денешниот состанок на централниот комитет на владејачката Работничка партија, со која претседава лидерот Ким Џонг-ун, одлучено е нуклеарното што оваа земја го поседува, „треба да се зацврсти со закон“.
Нуклеарните оружени сили „треба да бидат проширени и зајакнати квалитативно и квантитативно додека не се воспостави денуклеаризација на светот, наведено е во извештајот.
Пјонгјанг, освен тоа, одлучил и да развие лесен воден реактор во рамки на цивилната нуклеарна инудстрија за да се намали недостигот на струја.
Воените бази на САД во Јапонија ќе се разгледуваат како цели за ракетни напади од Северна Кореја при започнување на воени дејствија на Корејскиот полуостров, објави денеска севернокорејскиот весник „Нодон синмун“.
Според податоците на весникот, што е централен печатен орган на Корејската работничка партија (КПТ), станува збор за американската военовоздухопловна база Мисава во префектурата Аомори, военопоморската база Јокосука во префектурата Канагава и американски воени објекти во јужната јапонска префектура Окинава.
Тензиите на Корејскиот полуостров значително се засилија откако ОН воведоа строги санкции кон Пјонгјанг поради нуклеарните и ракетни проби, а Вашингтон и Сеул почнаа заеднички воени вежби бо таа област.
Северна Кореја објави дека е во „состојба на војна“ со Јужна Кореја, и ги предупреди Сеул и Вашингтон дека секоја провокација брзо ќе ескалира во сеопшт нуклеарен судир.
Корејската војна (1950-53) е завршена со примирје, а не со мировен договор, што значи дека двете Кореи во изминатите шест децении технички беа во војна.