ОН: Среде зима во североисточна Сирија 170.000 лица живеат под отворено небо

Од:

Приближно 170.000 од вкупно 900.000 цивили, кои беа принудени да ги напуштат своите домови во северозападна Сирија, во моментов живеат на отворено, соопштија од ОН.

Најголемото раселување по граѓанската војна во Сирија, што почна пред приближно девет години, доаѓа среде зима, кога температурата често пати паѓа под нулата, а снегот покрива некои региони од овој дел на земјата.

„Суровите зимски услови дополнително ги влошуваат страдањата на овие напатени луѓе, кои побегнале од своиоте домови за да избегнат насилство, а повеќето од нив повеќепати биле раселувани во овие девет години од конфликтот“, се наведува во соопштението на Обединетите нации.

Во својот последен извештај Службата на ОН за координација на хуманитарните прашања соопшти дека околу една петина од новораселените лица живеат под нечовечки услови.

„Речиси 170.000 од новораселените лица се очекува да живеат на отворено или во недовршени објекти”, се наведува во соопштението.

ОН соопштија дека камповите се пренаселени и дека многу семејства креваат шатори на парцели без достап до основни услуги, како тоалетите.

Советот за безбедност на ОН во средата изненадувачи со вето на Русија ја блокира резолуцијата која инсистираше на прекин на огнот во северозападна Сирија.

Сириската Влада и сојузничките сили, поддржани од руските воени авиони, го затвораат обрачот околу последниот бастион на вооружената опозиција.

Движењето на владините сили, кои во Идлиб упаѓаат од југ и од провинцијата Алепо на исток, се повеќе ја намалуваат територијата што ја контролираат џихадистите.

ОН ја повика Турција да прифати повеќе бегалци, со аргументот дека итноста е преку потребна.

Турција, во која веќе се префрлени најголемиот број сириски бегалци во светот – околу 3,6 милиони лица – сака да избегне нов бран бегалци.

Би можело да ве интересира

Криумчареле Кинези и Авганистанци, приведени двајца

Малолетник од Скопје шверцувал седум мигранти од Египет

Горан Наумовски

„Њујорк Тајмс“: Постојат сомневања дека има повеќе од 100 локации со хемиско оружје во Сирија

САД: Украински бегалци по грешка известени дека мора веднаш да ја напуштат земјата

(ВИДЕО) Израел нападна сириски воени аеродроми

Шест мигранти биле држени во заложништво во Студеничани

Горан Наумовски