Коњуфца ги поништи одлуките за именување на 14 конзули на Косово во светот

Од:

Новиот министер за надворешни работи на Косово Глаук Коњуфца одлучи да ги поништи одлуките на неговиот претходник Беџет Пацоли , за кои тврди дека се незаконски, за именување на конзули во десетина држави во светот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата Коњуфца ја објави на својата страница на Фејсбук, каде што ги соопшти и имињата на 14-те конзули кои биле именувани кон крајот на мандатот на претходната влада на премиерот Рамуш Харадинај.

Шефот на косовската дипломатија вели дека одлуката за поништување на незаконските именувања ја донел согласно соодветните одредби на Уставот, Законот за државната администрација и Законот за надворешна служба на Република Косово.

Со одлуката на Коњуфца во земјата се враќаат косовски конзули од Австрија, Албанија, Црна Гора, Бугарија, Германија (четворица), Австралија, Обединетите Арапски Емирати (двајца), Чешка, Соединетите Американски Држави и Катар.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски