Аталанта и Лајпциг направија голем исчекор кон четвртфиналето во фудбалската Лига на шампиони по победите синоќа во првите дуели од осминафиналето.
Аталанта на домашен терен (во Милано) го совлада тимот на Валенсија со 4:1. Стрелци на головите за домаќините беа Хетбур (два), Иличич и Фројлер, додека за гостите погоди Черишев.
Лајпциг беше поуспешен од Тотенхем во Лондон со 1:0. Мечот го реши Вернер со голот од пенал постигнат во 58. минута.
Реваншите се на 10 март.