Богдановиќ: За околу шест месеци ќе се започне со градење кај „Треска“

Од:

Општина Центар на вонредна седница ја усвои одлуката за распишување на јавен конкурс за урбанистичкото уредување на локацијата, позната како поранешна фабрика „Треска“.

„Ќе се формира комисија која ќе биде составена од архитекти, сопственици на земјиштето и други кои ќе одлучуваат за тоа како ќе изгледа просторот. Според мојата проценка, за околу шест месеци веќе ќе се започне со работа на терен“, вели Богдановиќ.

Советниците со 12 гласа „за”, изгласаа дека по пат на конкурс за урбанистичко решение ќе се решава за изгледот и содржината на она што ќе биде на опфатот на дел од ДУП Градска четврт З 11, локалитет Буњаковец 1 и Буњаковец 2.

Јана Белчева која е претседателка на Советот, потсетува дека и  Скопје 2014 беше решено на Конкурс, па така и ова може да се злоупотреби ако нема добра комисија ниту дефинирани средства.

„Дел од Советниците се натпреваруваа во гласност и се истакнуваа да се произнесат колку е важен приватниот интерес и правото на сопствениците, можеби и додворувајќи се на некои од инвеститорите присутни на седницата, најпрво во задните, а потоа во првиот ред, веднаш до градоначалникот. Тоа ми отвори сомнеж во чесните намери да се пристапи кон решавање на овој простор во градот и повторно да влеземе во игри каде формалниот конкурс би можел да се искористи како параван, а не да биде суштинска промена во планирањето на градот во партнерство со граѓаните, стручните лица и локалната власт, водени од иста цел“, вели Јана Белчева која на таа позиција дојде како претставник на граѓанскиот сектор, односно иницијативата „Во одбрана на Дебар Маало“.

Таа смета дека е нереално конкурсот да заврши за шест месеци и да се дадат дозволи да се гради.

Во изборот и оценувањето на доставените конкурсни решенија за локацијата, општината ќе ја вклучи целата стручна јавност – Архитектонскиот факултет, Асоцијација на Архитекти и Комора на архитекти.

Советниците вчера во салата за седници на Општината, најпрвин се расправаа околу тоа дали да се продолжи со 41-та седница, или да се свика нова вондредна по предлог на градоначалникот.

Дискусијата внимателно ја следеа околу дваесетина заинтересирани граѓани од општината.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

Левица: Кај поранешната фабрика „Tреска” се гради по истечен ДУП

Левица: Герасимовски одобри да се гради кај ,,Tреска” спротивно на препораката на антикорупциска

Судството на Кацарска пресуди во корист на градежната мафија за „Треска” обвинува Левица

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски