ВИДЕО: Советниците од Центар се скараа уште пред да почне седницата за „Треска“

Од:

Иднината на земјиштето кај „Треска“ и понатаму е заглавена во административни лавиринти. Советниците на Советот на Општина Центар, на денешната седница водеа расправа околу административните детали за водењето на седницата, а не за деталниот урбанистички план наречен „Буњаковец 2“, во чиј дел е земјиштето кај „Треска“.

Градоначалникот Саша Богдановиќ предложил вонредна седница, но Јана Белчева која е претседателката на Советот не го прифатила неговото барање и сакаше да го отвори продолжението на 41-та седница.

Советникот Ѓошо Вангелов бараше предлогот на градоначалникот за вонредна седница да се усвои, бидејќи во спротивно според него ќе се создадел административен хаос.

„Да не ги зафркаваме граѓаните, да почнеме вонредна седница“, рече советникот Јон Фрчкоски, кој исто така го поддржа предлогот на градоначалникот.

Советникот Томислав Лазаров расправата ја нарече беспредметна.

Советникот Вангелов ја напушти салата за седници и ги повика и останатите советници да излезат на пауза, а тие веднаш го послушаа.

Во салата за седници присуствуваа околу дваесетина граѓани од Општината кои со часови трпеливо чекаа да започне седницата.

Би можело да ве интересира

Аларм во Европа: Сè повеќе земји пријавуваат случаи на зараза

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Надојдената река Треска однесе двајца малолетни и еден тинејџер, тројцата се навреме спасени

Горан Наумовски