Аларм во Европа: Сè повеќе земји пријавуваат случаи на зараза

Од:

Повеќе од 10 европски земји од почетокот на годината пријавија локално пренесени случаи на вирусот Западен Нил, што е повеќе во споредба со истиот период минатата година, соопшти денеска здравствената агенција на ЕУ, ECDC.

Покрај Германија, Франција и Австрија, случаи се пријавени и во Шпанија, Грција, Италија, Холандија, Северна Македонија, Романија, Србија и други земји.

Според податоците на ECDC, најмногу случаи се регистрирани во Италија, 311, а потоа следува Грција со 157 случаи.

Вкупно се погодени 99 европски региони, додека вирусот за првпат е регистриран во 21 регион.

Во истиот период минатата година, инфекции пријавиле девет европски земји, во вкупно 67 региони.

Повеќето инфекции со вирусот Западен Нил во Европа се појавуваат во текот на сезоната на комарци, од пролет до есен, а врвот на преносот е меѓу јули и септември.

ECDC наведува дека инвазивните видови комарци исто така придонесуваат за ширењето на вирусот.

Агенцијата повика Европа да ги зајакне капацитетите за контрола на комарците, со прекугранична соработка и интегриран пристап кој вклучува следење на популацијата на комарци, ангажирање на јавноста и насочени мерки за контрола, земајќи го предвид влијанието врз животната средина.

Вирусот Западен Нил првпат е идентификуван во 1937 година во регионот Западен Нил во Уганда.

Поголемиот дел од инфекциите поминуваат без симптоми или со благи симптоми, додека кај заразените може да се појават симптоми слични на грип, вклучително и тремор и треска.

Во тешки случаи вирусот може преку крвотокот да стигне до мозокот и да предизвика менингитис опасен по живот, а пациентите може да паднат и во кома.

Според Светската здравствена организација, не постојат одобрени вакцини за луѓе ниту специфичен третман за инфекција со вирусот Западен Нил.

Би можело да ве интересира

Хаос на нафтениот пазар: Дронови запалија саудиски нафтени постројки, загрозена главната извозна рута

Протест пред германската амбасада во Москва поради затворањето на Рускиот дом во Берлин

Руски дрон го погоди седиштето на СБУ во Киев, има повредени

Предраг Петровиќ

Првиот разузнавач на Путин предупредува: Може да дојде до голем конфликт во Евроазија

Муцунски: Стоиме со Украина, таа е суверена држава

Предраг Петровиќ

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина