Една од најмногу критикуваните гранки во индустријата во САД се приклучи во борбата против смртоносниот коронавирус.
Компанијата „Reynolds American“ која стои зад познатите брендови на цигари „Camel“, „Newport“ и „Pall Mall“ намерно ги инфицира брзорастечките тобако растенија со генетски модифициран коронавирус на определни површини за да види дали би можеле да создадат анти-тела за идна изработка на вакцината.
Од истата компанија, во 2015 година се обидоа да направат лек против Еболата, но тоа не резултираше со посебно значаен успех.
Првите резултати од испитувањата се очекуваат да излезат во јавноста следниот месец.