(ВИДЕО) Шекеринска: НАТО прави место за нашето знаме како еднакво помеѓу триесетте

Од:

Во Брисел во седиштето на НАТО се прават подготовки за поставување на македонското знаме. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска извести дека нашата мисија денеска успеала да ги сними подготовките.

„Нашата мисија успеа да сними едно видео каде што се гледа на кој начин пред седиштето во НАТО се обезбедува простор за наш јарбол и се обезбедува место за нашето знаме како еднакво помеѓу триесетте. Ској ден овие добри вести ни покажуваат дека ништо веќе нема да биде исто и дека работите навистина кога ќе ги поместите од мртвата точка, можете да добиете резултат којшто може сите да ги изненади“, рече министерката Шекеринска.

Видеото со подготовките во Брисел го објави на социјалните мрежи заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски.

Би можело да ве интересира

Руте за Трамп: Прави добро за НАТО, кога фалам некого, тоа се базира на факти

А1он

Таен состанок во НАТО, ќе се зајакнува военото присуство на Гренланд

Предраг Петровиќ

Руте: Европските држави подготвени за распоредување трупи во Украина доколку Москва го прекрши мирот

Горан Наумовски

Руте: Три земји-членки на Алијансата не даваат согласност за членство на Украина во НАТО

Зеленски: Ќе се откажеме од членството во НАТО ако добиеме силни безбедносни гаранции

„Њујорк тајмс“: Украина го отфрла предлогот на Трамп за Донбас и членството во НАТО