Макрон ја отвора вратата за Северна Македонија и Албанија за пристапување во ЕУ

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ако извештајот на Европската комисија во март е позитивен, тој ќе го поддржи отворањето на преговорите за приклучување кон блокот, пренесе „Ројтерс“.

„Го чекаме извештајот во март. Ако резултатите се позитивни и е воспоставена доверба, тогаш ќе бидеме во позиција да ги започнеме преговорите“, рече Макрон на Минхенската безбедносна конференција.

Претседателот на Франција изјави и дека Европската Унија треба да се разбуди и да стане континент кој верува во својата иднина.

– Не инвестираме доволно во својата иднина… и политички тоа е единствениот начин да се помириме со нашата средна класа, посочи Макрон на Минхенска безбедносна конференција.

Тој истакна дека би сакал да ја види „Европа, која може да го штити суверенитетот, Европа, која е повитална и Европа, која негува ентузијазам во поглед на својата иднина“.

Макрон потенцира дека ЕУ треба да го усогласи својот буџет со амбициите, со цел да не заостанува за САД и Кина, посебно за идните технологии.

Би можело да ве интересира

Европа не бара мир, туку пораз на Русија

„Телеграф“: Западот притиска за мир, фронтот пука, корупцијата цвета – Украина е под тројна опсада

Колку пари потроши Западот за војната во Украина?

Орбан: Без САД, Европа запаѓа во воен ќорсокак

Европските лидери го преправија планот на Трамп

Европа има три предлози за измени во мировниот план на Трамп во Женева, но ниеден не е прифатлив за Москва