Пуштена во употреба градинка во Чешиново

Од:

Во Чешиново денеска е пуштена во употреба реновираната детска градинка „Ѕвездички“ во која ќе бидат згрижени 50-тина деца од ова населено место. Градинката е сместена во зградата на основното училиште „Страшо Пунџир“.

На свеченото пуштање во употреба присуствуваше и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

– Ова е четврта градинка која ја предаваме во употреба од проектот на Министерството за труд и социјална политика за 14 детски градинки во Република Македонија во рамки на првата фаза. За нив, Министерството инвестираше 12 милиони денари. Втората фаза ќе започне да се реализира во јуни, истакна министерот Ристовски на отворањето.

Тој рече дека во реновирањето на градинката Министерството инвестирало 600 илјади денари, а локалната самоуправа на општината Чешиново-Облешево 700 илјади денари.

Ристовски најави отворање на клон на детската градинка во населеното место Облешево и финансирање на вработените и градинката од средства на ресорното Министерство.

Би можело да ве интересира

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

A1on

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

A1on

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

A1on

Во градинките лани биле згрижени 35 932 деца

Ана Ололовска