Србинот Даниел Душноки, член на екипата на крузерот Дајмонд принцес, се најде во фокусот на српските медиуми, откако се појави информацијата дека е заразен со коронавирус.
Тој ги демантира овие наводи.
– Не сум болен, добро се чувствувам, рече Даниел, кој испратил снимка од празните ходници на крузерот на пинк.рс.
На видеото од крузерот, кој поради коронавирусот е во двонеделен карантин, се гледаат празни ходници. Патниците и екипажот се наоѓаат во своите соби.
Коронавирус, на крузерот, е потврден кај 218 лица.
Во карантин се наоѓаат повеќе од 3.500 патници и членовите на екижажот.
Видео: пинк.рс