Во Хрватска покрената истрага против четворица Хрвати и една Македонка за криумчарење на странци

Од:

Во Хрватска е покрената истрага против четворица хрватски и една македонка, кои криумчареле мигранти, при што заработиле најмалку 66.500 евра.

Тие биле дел од злосторничко здружение, кое криумчареле странски државјани од Хрватска во Словенија во 13 наврати, а потоа во Италија.

Тие организирале илегални премини за 106 странски државјани.

Според хрватски медиуми, истрагата за четворица хрватски државјани на возраст од 38, 51, 25 и 42 година и 49-годишната Македонка ја покрена хрватската Канцеларија за борба против корупција и организиран криминал (УСКОК), врз основа на кривична пријава поднесена од полицијата во Загреб.

Полицијата и УСКОК се сомневаат дека тие лица од почетокот на октомври до крајот на декември 2019 година, во подрачјето на Загреб и околината, заради профит, договориле недозволено префрлување на голем број странски државјани преку државната граница од Хрватска до Словенија и понатаму кон Италија.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари