Еден млад човек е приведен од московската полиција за кривично дело – хулиганство, додека полицијата трага по неговите соучесници, бидејќи тие предизвикале паника во метрото на руската престолнина.
Како што беше објавено на социјалните мрежи, снимката од инцидентот, се случи на 2 февруари, кога еден млад човек кој носи маска на лицето во вагон на московското метро, паднал и почнал да имитира ненадеен напад со чести грчеви, додека неговите соучесници викале дека дечкото има смртоносен коронавирус.
Уапсениот дечко се соочува со затворска казна до пет години, јавуваат руските медиуми.
Од московското метро се жалат на “пранкерите” инспирирани од коронавирус, бидејќи, како што велат, ова не е прв пат.