Facebook на 4. април ќе одржи настан на кој ќе го претстави своето ново место на Андроид, а тоа само може да сугерира на некаква значајна интеграција на социјалната мрежа со мобилната платформа.
Како што наведува Techcrunch мобилниот би можел да биде верзија на Андроид прилагодена на социјалната мрежа Facebook, нешто како интеграција на Facebook на iOS уредите, само на стероиди. Иако во поканата не се споменува конкретен производител на мобилен, гласините зборат дека таков уред би требало да паднe под закрилата на HTC.