Каратистите на прием во Агенцијата за млади и спорт

Од:

Македонските карате репрезентативци кои имаа забележителни резултати изминатиот викенд на Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У21) во Будимпешта, денеска беа примени од директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски.

– Нашите каратисти не претставија на највисоко ниво. Освоивме два бронзени медали, две петти и две седми места. Имавме одличен настап. Тоа покажува дека и понатаму продолжуваме да имаме сериозен континуитет на големи натпреварувања. Каратето останува еден од најуспешните спортови во нашата држава, изјави Каевски.

Тој вети и понатаму поддршка за македонските репрезентативци кои остваруваат значајни резултати на меѓународна сцена.

Селекторот на кадетско-јуниорската репрезентација Александар Кузмановски е задоволен од тоа што неговите избраници го покажаа на ЕП.

– Испишавме уште една историја во македонското карате и воопшто во македонскиот спорт. Каратистите достојно ги бранеа боите на нашата држава на ова ЕП. Освоените медали покажуваат дека имавме одличен настап, изјави Кузмановски.

Бронзените медали ги освоија Роберто Ацковски во конкуренција на помлади сениори (У21), категорија -67кг и Бојан Костов во категоријата кумите -55 кг.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска