Најмалку 15 лица загинаа денеска при уривање на зграда во изградба во танзанискиот град Дар ес Салам.
Претставник на локалната полиција, соопшти дека се претпоставува оти под урнатините на зградата има уште околу 40 затрупани лица.
Досега спасувачките екипи успеаја од под урнатините да извлечат двајца преживеани градежни работници.
Опреацијата за потрага по останатите затрупани продолжува.
Причините за уривањето на зградата засега не се познати.