Повик за помош на семејството Ахмети од Драчево

Од:

Коалицијата за застапување на правата на лицата со хендикеп – „Менуваме“ во соработка со хуманитарната организација Свети Спас, како и со отец Оливер денеска го посетија семејството Ахмети кои се слепи и неподвижни лица.

– Семејството живее во населбата Драчево, во супстандардни животни услови и го преживува секој ден како ноќ поради тоа што се слепи, неподвижни и немоќни лица, заборавени од институциите на системот, Здружението на слепи на Град Скопје и Републиката, како и од луѓето, соопшти програмскиот раководител на коалицијата „Менуваме“ Суарет Алишаб.

Средбата, се вели во соопштението од коалицијата „Менуваме“, била трогателна, срдечна и искрена.

– Ги почуствувавме позитивните вибрации кај нив, не дочекаа со прекрасни зборови. Топлина во нивните срца на благодарност за подарената инвалидска количка, прехранбените и хигиенски продукти, особено се израдува најмалата сестра Дашурија за подарокот по повод нејзиниот 43-ти роденден, се наведува во соопштението.

Од коалицијата велат дека CBR социјална и правна помош ќе продолжи континуирано во соработка со организацијата Св.Спас да обезбедува помош и на останатите семејства кои имаат деца или лица со попреченост или посебни потреби. Тие кои имаат потреба од помош, се додава во соопштението, треба да се обратат преку фејсбук страницата CBR We Change Macedonia.

Коалицијата „Менуваме“ ги повикува сите хумани луѓе и компании да им се придружат за полесна интеграција базирана на заедницата и адаптација на животниот простор на ова семејство.

– Секоја организација нека се обрати до нашата служба со проект, а ние како движење во рамки на програмата на „Менуваме“ ќе им помогнеме, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Хуманитарниот велеслалом Маврово 2024 годинава за поддршка на лекувањето на младиот Леонид Индов

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Ацт Македонија со повик за приклучување во хуманитарната акција

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на малиот Леонид

Семејството на Кико донираше половина милион денари за респиратор малиот Стефан

Катерина Ѓуровски