Голeм антиамерикански митинг се одржа во Пјонгјанг

Од:

Десетици илјади војници, работници, службеници и студенти денеска учествуваа на голем антиамерикански митинг на централниот плоштад во престолнината на Северна Кореја.

Насобраните извикуваа пароли со поддршка за шефот на државата Ким Џонг-ун, кој ги повика армијата и народот да одговорат со цврсти мерки „на провокациските воени активности на САД и Јужна Кореја“, пренесоа руските медиуми.

Учесниците на митингот уверуваа дека се подготвени „ американските агресори да ги отстранат од лицето на земјата“, да возвратат со „света војна“ на провокациите на јужнокорејскиот режим, што го „оцрнува достоинството на раководството на народната република“.

Се слушнаа и повици „со цената на своите животи да го заштитиме ЦК на Корејската работничка партија, на чело со Ким Џонг-ун“.

Странските новинари, акредитирани во Северна Кореја, вклучувајќи ги и дописниците на ИТАР-ТАСС и на кинеската агенција Ксинхуа, не добија покани за митингот, забележуваат руските медиуми.

Како што соопшти радиото во Пјонгјанг, Ким Џонг-ун свикал вонредно оперативно советување и таму било истакнато дека американско-јужнокорејските маневри со учество на бомбардерите Б-52 и Б-2, што се спроведуваат на полуостровот, „се реална закана за безбедноста на северна Кореја и нејзините високи интереси“.

Заради тоа севернокорејскиот лидер потпиша „конечен план за техничка подготовка на стратегиските ракетни единици за нанесување удар врз континенталната територија на САД и островите Хаваи и Гуам, а исто така и врз Јужна Кореја во случај на провокации од страна на противникот“.

-Северна Кореја нема намера пасивно да следи како САД се подготвуваат за агресија и нашите вооружени сили ќе возвратат на нуклеарната уцена од страна на САД со беспоштеден нуклеарен напад, подвлече Ким Цонг-ун.

По добивањето на соодветната наредба „борците на Корејската народна армија со еден удар во пепел ќе ги претворат противничките бази, додаде претседателот на државниот комитет за одбрана.

Радио станиците во Северна Кореја емитуваат популарни патриотски и народни песни,а исто така и воени маршови.

Во дипломатскиот град, каде се наоѓаат странските мисии, утринава се слушаа далечни артилериски салви. Ситуацијата во Пјонгајнг во општи црти е нормална. Во функција се меѓународните телефонски врски, има и пристап до интернет. Продавниците, аптеките, рестораните се отворени. Низ градските улици не се движат војски.

Раководствата на меѓународни хуманитарни организации, активни во Северна Кореја, го повикуваат персоналот да го зачува мирот, да не запаѓа во паника и да не шири непотврдени гласини.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња