Громот никогаш не удаира двапати на исто место, не важи за 20-годишниот Колумбиец Александар Мандон, кого во последните шест месеци гром го удрил дури четири пати.
Поради тоа домородниот врач препорача Мандон да биде жив закопан во вертикална положба за да го „излечат“ од привлекување громови. Исцелителот смета дека земјата ќе го впие несоодветното електрично полнење од неговото тело
Првите три пати гром го погодил додека служел војска. Кога го удрил гром првиот пат Александар бил среќен што воопшто останал жив. Меѓутоа, после третиот пат, неговиот командир се уплашил дека неговиот војник едноставно ги привлекува громовите и го отпуштил од војска. Другарите од војска го завикале Громобран.
Кога се вратил во својот дом во Сампуес, на околу 500 километри од Богота, молња го погодила пред кантината во која некогаш работел, иако овој крај е познат по слабите врнежи. Тогаш побарал помош од традиционалната медицина.
Сега се обратил на врачот, и ова е втор обид да биде излекуван. Првиот пат не бил поставен во „правилна положба“. Затоа жителите од неговиот роден крај повторно го закопаа, оставајќи му ја само главата надвор од земја. Мандон планира да остане што подолго закопан.